Сè уште не го виделo светлото на денот, а веќе е уморнo. Изгледа ова момче едвај чека да порасне.
Оваа неверојатна слика прикажува бебе кое се проѕева во мајчината утроба. Тоа е само една од многуте слики што ги направи истражувачкиот тим на Универзитетот во Дарама, кој испитуваше како и кога фетусите се проѕеваат.
За да дојдат до одговорот на ова прашање, тие поставиле 15 идни мајки на 4Д-ултразвук четири пати за време на нивната бременост.

Некои научници веруваат дека бебињата случајно ја отвораат и ја затвораат устата, но истражувачот Надја Рајсланд вели дека сепак станува збор за проѕевање.

Анализите открија дека најмладите бебиња најмногу се проѕеваат, но дека нема никаква разлика помеѓу половите. Д-р Рајсланд пресмета дека доколку би ги следела подолго, би ги „фатила“ бебињата како се проѕеваат во просек шест пати за само еден час и верува дека лесното истегнување и движењата на вилицата помагаат во развојот на одредени делови на мозокот.



912

X