За заштитата на детското емоционално здравје мора да размислуваме навреме, а не дури откако ќе се појават првите предизвици. Во овој поткаст на Јелена Ѓоковиќ, д-р Габор Мате истакнува зошто емоционалната поддршка за децата не смее да биде само повремена привилегија или исклучок, туку мора да стане основен, секојдневен дел од секоја институција што се грижи за нивниот развој.
Создавањето сигурно опкружување во кое детето се чувствува слушнато и разбрано е најмоќната превенција за иднината.