Ако одгледувате момче кое е во детско-тинејџерска возраст (претпубертет или рана адолесценција), сигурно веќе размислувате за сите важни животни лекции што сакате да ги научи. Сите сакаме нашите синови да пораснат во љубезни, успешни, вредни и емоционално стабилни луѓе.
Сепак, еден терапевт предупредува дека постои една тема за која сите мораме многу повеќе да зборуваме, а тоа е феноменот наречен „manskeeping“ (емоционална грижа за партнерот).
Што е „manskeeping“ и зошто е проблем?
Терминот „manskeeping“ се однесува на нерамномерниот емоционален товар во врските, кој најчесто го носат жените.
Додека жените вообичаено имаат разгранета мрежа од луѓе за поддршка (пријателки, мајка, колешки), мажите многу често го користат исклучиво својот женски партнер (девојка или сопруга) како единствен вентил за процесирање на сите свои емоции.
„Не е работа на жената да го носи целосниот емоционален товар на еден маж. Кога тоа се случува, таа се чувствува исцрпено и фрустрирано. А бидејќи децата ги впиваат анксиозноста и тензијата од домашната средина, оваа нерамнотежа ѝ штети и на добросостојбата на самото дете,“ објаснува Тод Сарнер, брачен и семеен терапевт.
Разговорот на оваа тема со младите момчиња може конечно да го прекине тој затворен круг, за кога ќе пораснат во возрасни мажи, да сфатат дека не смеат емоционално да ги исцрпуваат своите партнери.
Како да одгледате емоционално зрело момче?
Решението не е во градење вистинска емоционална интелигенција уште од најрана возраст. Еве кои се најважните чекори според терапевтите:
1. Бидете пример за здрава емоционална динамика дома
Првиот чекор е мајките да престанат да бидат единствениот емоционален вентил за сопругот во домот. Децата не го прават тоа што им го зборувате, туку го копираат тоа што го гледаат. Ако детето гледа дека таткото ги споделува емоциите и со пријатели или бара поддршка надвор од бракот, тоа ќе стане негов стандард.
2. Поддржувајте ги „1 на 1“ пријателствата кај момчињата
Во помладата возраст момчињата знаат да имаат длабоки и искрени пријатели со кои споделуваат сè. Но, во тинејџерските години настанува промена, нивните дружења почнуваат да се сведуваат само на активности (спорт, видеоигри). Насочете го вашиот син да не ги изгуби пријателите со кои може отворено да разговара и да побара емоционална поддршка.
3. Разговарајте за емпатијата и покажувајте ја на дело
Разговорите за емпатија, за тоа како да се биде добар пријател, син и иден партнер се исклучително важни. Нека види детето како вие им помагате на вашите пријатели, како се јавувате да ги ислушате, но и како вие прифаќате помош од другите. Тинејџерите можеби нема да сакаат долго да разговараат за ова, но тие внимателно ве гледаат и ја впиваат секоја ваша постапка.