Игротека

Зошто времето побавно поминуваше кога бевме деца?

Сите го знаеме чувството дека времето во детството поминуваше значително побавно. Летните распусти изгледаа бескрајни, а школскиот час траеше цела вечност. Објективно, часовникот отчукува исто, но нашето внатрешно, субјективно доживување за времето се менува со текот на годините.

Психолозите издвојуваат неколку главни причини за овој феномен:

Главни причини за илузијата на времето

  • Недостиг на новитети и рутина: Детството е исполнето со нови искуства и многу „први нешта“, прв школски ден, нови пријателства, нови вештини. Мозокот ги помни новите и емотивните настани со многу детали. Во возрасната доба преовладува рутината, па мозокот ги „собира“ деновите во една иста целина, поради што ни се чини дека годините прелетале.
  • Вниманието кон сегашниот момент: Децата природно живеат во сегашноста. Кога почесто размислуваме за самиот тек на времето (на пример, додека чекаме нешто), тоа минува побавно. Возрасните, пак, постојано се оптоварени со обврски, рокови и грижи, поради што помалку внимаваат на моментот, а деновите им минуваат незабележани.
  • Како се сеќаваме на минатото: Постои разлика помеѓу тоа како го доживуваме времето додека трае и како го помниме подоцна. Еден досаден ден изгледа долг додека минува, но кога ќе се осврнеме назад на период без посебни настани, тој изгледа исклучително кратко бидејќи мозокот нема сочувано многу спомени.

Како да го забавите времето?

  • Внесете нови искуства: Учете нови работи, менувајте го патот до работа или пробајте нови хобија за да ја разбиете рутината.
  • Бидете присутни: Наместо да функционирате на автопилот, посветете му внимание на она што го правите во моментот.
  • Запишувајте ги спомените: Водењето дневник или бележењето на убавите моменти помага спомените да останат запаметени, правејќи го животот побогат и подлабок.

Извор

Поврзани написи

To top