Секогаш кога ви треба нешто брзо, лесно и вкусно за вашите најмили, оваа комбинација е полн погодок!
Потребни состојки:
- Мандарини: 4–5 парчиња (за околу 250 мл свеж сок)
- Густин: 3 супени лажици
- Шеќер: 3 лажици (по желба и вкус или може и без шеќер)
- Темно чоколадо: 80-100 г
Начин на подготовка:
- Исцедете го сокот: Изблендирајте ги мандарините, па процедете ги низ цедилка за да добиете чист сок без пулпа.
- Згуснете ја смесата: Во тенџере измешајте го сокот од мандарини со густинот. Мешајте на умерена температура сè додека смесата не зоврие и не се згусне.
- Чоколаден додаток: Растопете го темното чоколадо и соединете го со смесата по желба (како слоеви или прелив).
Уживајте во оваа слатка ужина. Погледнете го видеото!