Исхрана

Како овој зеленчук ја штити цревната флора?

Компирот е еден од омилените оброци на децата кој им ја обезбедува потребната енергија за растење и игра. Иако најчесто ги користиме белиот и црвениот компир, меѓу нив постојат важни нутритивни разлики.

Двата вида содржат околу 150 калории по порција, изобилуваат со калиум и витамин Ц, но секој има свои специфични предности:

  • Црвен компир: Има помалку јаглехидрати (33,9 грама) и содржи речиси двојно повеќе антиоксиданси, што му дава предност за зајакнување на детскиот имунитет.
  • Бел/жолт компир: Содржи малку повеќе јаглехидрати (36,5 грама), но е подобар извор на железо и калциум, минерали неопходни за растот на коските и спречување анемија.

Природен пробиотик за детското стомаче

Една од најголемите придобивки за децата е тоа што компирот содржи отпорен скроб, кој дејствува слично како растителните влакна. Тој ферментира во дебелото црево и ги храни добрите бактерии, овозможувајќи неколку придобивки:

  1. Го спречува запекот и го олеснува варењето на храната.
  2. Го регулира шеќерот во крвта и дава чувство на ситост.
  3. Го заштитува дебелото црево од воспаленија и го намалува лошиот холестерол.

Важен е начинот на подготовка!

За децата да ги искористат сите овие здрави состојки, начинот на подготовка е пресуден. Помфритот пржен во многу масло и пресолен ги уништува хранливите материи и го оптоварува детскиот организам. Затоа, секогаш избирајте варен или печен компир наместо пржен.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top