Многу родители инстинктивно реагираат кога ќе го видат детето со калливи раце или извалкани алишта. Меѓутоа, слободната игра во природа, калта и земјата има огромен позитивен ефект врз детскиот развој и за тоа има силни научни причини!
Денес, сè повеќе експерти за детски развој потенцираат дека валкањето не е само забава, туку драгоцено искуство за детското здравје и ум.
Придобивки од играта во кал и земја:
- Го зајакнува имунолошкиот систем: Изложеноста на природни микроорганизми и бактерии од почвата му помага на детскиот имунитет правилно да се развие, да изгради отпорност и да го намали ризикот од алергии и астма.
- Ги поттикнува креативноста и имагинацијата: За разлика од играчките со готови правила, калта е отворена материја. Од неа децата прават колачиња, градби, реки и мостови, развивајќи ја својата слободна мисла.
- Го развива сетилниот систем (сензорна интеграција): Чувството на топла, ладна, сува, мека или леплива текстура под прстите ги стимулира нервните завршетоци и го поддржува правилниот сензомоторен развој.
- Ја намалува анксиозноста и го подобрува расположението: Допирот со земјата го поттикнува лачењето на серотонин („хормонот на среќата“) и природно го смирува детскиот нервен систем.
- Гради отпорност и поврзаност со природата: Кога на децата им е дозволено слободно да го истражуваат светот околу себе без страв дека ќе се извалкаат, тие растат во похрабри, поспремни и поздрави личности.
Порака за родителите
Пуштете ги да се извалкаат, да ги натопат рацете и нозете и слободно да истражуваат. Алиштата лесно се перат, но придобивките од ваквиот начин на игра и учење остануваат за цел живот!