Летото и официјално е започнато, а тоа на децата им значи само едно – забава од утро до мрак. Ако имате деца, веројатно веќе почнале да ве молат да им наполните базен со вода, но и да им купите барем еден пиштол на вода. Но, дали таквите пиштоли се штетни за децата? Треба ли да им се дозволи да играат со играчки што изгледаат како смртоносно оружје?

САД често се наведуваат како пример за вооружени судири со смртни последици. Според истражувањето „Секој град за безбедност од оружје“, се покажува дека таму секоја година речиси три илјади деца и тинејџери го губат животот во такви судири. Затоа не е чудно што се наметнува прашањето дали играчките што личат на оружје се штетни за детскиот развој? За да се одговори на тоа прашање, се земаат предвид мислењата на експертите, како детски психолози, психотерапевти, советници и други.

Тие велат дека додека некои родители сето тоа го гледаат како нормален дел од игра, другите во тоа гледаат агресивност и создавање негативни визии на таа идеја со можни последици во реалниот живот. Па кој е во право?

Истражувањата во врска со оваа тема се ограничени и често неуверливи, а се разликуваат и мислењата меѓу експертите.

– Постојат истражувања кои покажуваат дека играњето со играчки-пиштоли ја зголемува веројатноста од агресивно однесување и играње кај децата. Меѓутоа, нема податоци што го поврзуваат играњето со играчки-пиштоли во детството со идното користење на вистинско оружје или нанесување повреди со пиштол на некое возрасно лице – објаснува Кристин Хофман, директорка на програмата „Психологија на траума“ во детската болница „Џонс Хопкинс“. Иако таа не предлага целосна забрана на пиштоли на вода за своите деца, сепак, предупредува дека во индивидуални случаи би било пожелно да се намали контактот на децата со овие играчки.

– Меѓу децата што имаат повисоко ниво на агресивност, деструктивност или активна игра во однос на други деца на нивна возраст, користењето на ваквите играчки може да ги зголеми шансите за подоцнежна агресија, потенцијални сигурносни проблеми и насилно играње – смета Хофман.

Исто така, ја истакнала важноста и на минатото на самите деца, па смета дека кај децата што сведочеле на употреба на вистинско оружје може да постои страв и од користење играчки.



912

X