Денес од жената се бара да биде вистинска супержена, да работи осум часа дневно и притоа да биде мајка и сопруга. Предмет на новото истражување е нивото на стрес со кое се соочува секоја жена.
Жената се труди да биде посветена и грижлива мајка и сопруга, одлична готвачка и притоа да изврши уште многу други работи, па не е ни чудно што се наоѓа под толкав стрес.

Жените што се во брак побрзо се трошат

Многу жени истакнале дека брачниот другар повеќе им е како уште едно дете за кое мора да се грижат отколку што им е партнер и поддршка. На жените им се доделени и улогите на учителка, готвачка, чистачка, лекарка, планер, возач и уште многу други работи.

Тие мора да се однесуваат како вистински супержени, што не е лесно да се постигне. Жените што се во брак и имаат деца многу брзо се трошат и нивното исцрпување почнува да се одразува и врз нивната работа и нивниот живот.

Истражувањето спроведено од TODAY.com опфатило повеќе од 7.000 мајки. Според резултатите, просечната мајка има ниво на стрес 8,5 од 10. Од вкупниот број жени, 46 проценти истакнале дека нивниот партнер им предизвикува повеќе стрес од децата.
Три од четири мајки изјавиле дека тие се одговорни за повеќето работи дома, како и за родителските обврски. Голем проблем за една од пет мајки е тоа што не добива помош од партнерот, како и што нема доволно време во текот на денот за да ги заврши сите работи што ги испланирала.

Треба повеќе да се потпираат на партнерот

Секојдневниот стрес влијае врз двајцата партнери. Универзитетот во Падова, Италија спровел истражување кое покажало дека ако мажите починат пред своите жени, жените стануваат поздрави.
Многу е важно да комуницирате со вашиот партнер за обврските поврзани со домот и семејството. Направете список со обврски за да го намалите стресот, но потрудете се почесто да го прегледувате и да го средувате за целосно да се придржувате кон него.

Многу мажи и татковци сакаат да бидат што е можно подобри, а голем број мајки и сопруги преземаат и повеќе обврски отколку што треба бидејќи не веруваат дека нивниот партнер ќе може да ги изврши доволно добро. Еден од најдобрите начини за жената да се ослободи од стресот е повеќе да му верува на партнерот и повеќе да се потпира на него секогаш кога е можно.

 



912

X