Кога во училиште или во градинка ќе се случи врсничко насилство, повеќето од нас веднаш бараат виновници. Го издвојуваме детето што го направило тоа и го казнуваме.
Но, во важно е да поставиме поинакво прашање: Што се случува во целата група?
Истражувачите за детското однесување го гледаат булингот како нешто што израснува од самата група и лошата динамика во неа, водено од една од нашите најдлабоки човечки потреби, потребата за припадност. Кога детето не се чувствува прифатено и не припаѓа некаде, тоа боли повеќе отколку што можеме да замислиме. Невролошките истражувања покажуваат дека социјалното исклучување ги активира истите делови во мозокот како и физичката болка.
Промена на пристапот: Од казна кон емпатија
Наместо да се фокусираат единствено на казнување и етикетирање на „лошото дете“, наставниците треба да работат со целокупното одделение:
- На зајакнување на заедницата и соработката
- На градење толеранција кон различностите
- На развивање длабока емпатија и прифаќање меѓу сите ученици
Резултатите од овој пристап можат да бидат извонредни.
Децата имаат природна потреба да припаѓаат и сакаат да бидат добри и љубезни. Ние возрасните треба само да им го покажеме вистинскиот пат и да им ја дадеме нашата поддршка.