Игротека

Новата песна на Тејлор Свифт им помага на жените да се справат со спонтан абортус

Долгоочекуваниот нов албум на Тејлор Свифт, наречен „Midnights“, конечно ја доживеа премиерата и веќе соборува рекорди. За само неколку часа е преслушан 228 милиони пати на „Спотифај“, а една песна особено одекна меѓу жените што доживеале спонтан абортус.

– Збогум, збогум, збогум. Беше поголем од целото небо. Беше повеќе од само кратко време. Постојат многу работи за кои жалам, многу без кои ќе живеам. Никогаш нема да знам што можеше да биде. Она што ти требаше да бидеш, што можеше да бидеш – е дел од текстот на песната „Bigger Than The Whole Sky“.

Многу жени сега ја споделуваат својата тага со оваа песна, се снимаат како ја потпевнуваат и ја слушаат и им покажуваат на другите дека не се сами во нивната болка.

Некои веруваат дека песната на Свифт била обид да зборува за сопствената загуба на бременоста, но нејзините песни, колку и да се вистинити, понекогаш се засноваат на измислени ликови и искуства.

Приближно 10 до 20 отсто од бременостите завршуваат со спонтан абортус. Но, вистинскиот број е веројатно поголем бидејќи многу загуби се случуваат многу рано во бременоста, често пред жената да знае или да добие потврда дека е бремена. И покрај тоа што спонтаниот абортус е толку вообичаен, може да биде неверојатно изолирачко и осамено искуство.

Извор

Поврзани написи

To top