Како што знае секој фрустриран родител, не постои магичен начин за да се смири расплакано бебе, а камоли да заспие.

Но, едно ново истражување истакнува едноставен метод кој би можел да е поефикасен од другите.

Според истражувањето, ако сакате да смирите расплакано доенче, седнувањето со него в раце веројатно нема да ви помогне. Ова може да го зголеми срцевиот ритам на бебето и да го направи уште понервозно.

Затоа, подобро би било родителите да го прошетаат своето расплакано бебе в раце. Оваа стратегија често го намалува пулсот на бебето и му помага да заспие. Дури и кратко 5-минутно шетање на доенчето кое плаче може да помогне во смирувањето и заспивањето на бебето.

– Доенчињата што плачат се смируваат и заспиваат по 5-минутно одење или држење в раце, дури и во текот на денот кога тие вообичаено се будни – објаснуваат истражувачите.

Потоа следува следниот предизвик: ставање на заспаното бебе во креветот.

Како што знае секој родител, ова може да биде особено вознемирувачки чекор. Често доенчето се буди во моментот кога главата ќе му се наведне наназад, со што се уништува напорната работа.

Интересно е тоа што учесниците кои седеле со своето заспано бебе уште 5 минути по шетањето со нив в раце, имале подобар успех и нивните бебиња продолжиле да спијат.

Од сите 13 расплакани бебиња што заспале во еден од експериментите, девет биле ставени в кревет со методот одење- седење.

– За безбедно држење, родителите/старателите треба цврсто да го држат телото на новороденчето до сопственото тело и да ја поддржат главата на доенчето. 5-минутното пешачење треба да биде рамно и со стабилно темпо, без нагли застанувања и вртења – велат авторите.

Додајте уште 5 минути седење и шансите се помали бебето да се разбуди кога ќе го ставите во креветчето.

Извор



912

X