Петгодишниот Џејкоб Јанг од Колорадо постигна резултат кој го постигнале само 1 отсто од луѓето што се дел од „Менса“.

Џејкоб е дел од воено семејство кое живее во Монумент. Омилени теми му се авионите, ајкулите, длабоката вселена и „Титаник“. Можеби темите се невообичаени за 5-годишно дете, но тој сака да учи за механиката, за тоа како функционираат авионите, кои видови ајкули се најбрзи.

Семејството се преселило во Монумент во 2018 година. Неговиот татко Џошуа е разузнавач во вселенски сили на САД, а неговата мајка Рене е поранешна аналитичарка на податоци.

– Тој гледа документарни филмови со нас и гледа канал за историја. Разговорите се како оние што можете да ги имате со еден средношколец или студент – вели неговата мајка.

Џејкоб оди во градинка, каде Ајлин Финеган е привремена директорка.

– Минатата недела го посетив класот на Џејкоб и забележав дека учениците пишуваат реченици и раскажуваат приказни со детали. Темата на Џејкоб беше поврзана со авионите од Втората светска војна – вели Финеган.

Доктор го тестирал за коефициентот на интелигенција и открил дека е натпросечно интелигентен. Докторот испратил препораки каде Џошуа може да се обрати и кои организации би можеле да му помогнат да се сретне со врсници и истомисленици.

Со околу 150.000 членови во 90 земји, само оние што постигнале резултати во првите 2 отсто од општата популација на одобрен тест за интелигенција се квалификуваат за „Менса“. Џејкоб го направил тестот, кој траел неколку часа, и постигнал резултат што успеале да го постигнат само 1 отсто од кандидатите.

Извор



912

X