Сите знаеме колку е вкусен семејниот ручек приготвен за Божиќ или за други празници поради кои се собираме сите заедно да јадеме, меѓутоа, не смееме да ги ограничуваме семејните ручеци само во текот на празници. Истражувањата откриваат дека редовното јадење заедно со семејството ги подобрува менталното и физичкото здравје на децата.
Подобри комуникациски вештини и поголема физичка активност
Истражувањата откриваат дека децата до десет години што јадат заедно со родителите имаат подобри комуникациски вештини и се физички поактивни од оние што јадат сами.
Во една статија објавена во САД во 2011 година пишува дека децата што јадат трипати во текот на денот со своето семејство имаат помала шанса да се соочат со прекумерна тежина од децата што јадат помалку од три пати на ден заедно со семејството.
Пагани, професор на Универзитетот во Монтреал, објаснува зошто децата до десет години што јадат заедно со своите родители имаат подобри социјални вештини и се физички поактивни.
Можност за почнување дебата
Таа вели дека присуството на родителите за време на ручекот ја зголемува можноста за започнување разговор или дебата во која ќе се зборува за секојдневните прашања и проблеми. Ваквата форма на комуникација може да му овозможи на детето да се здобие со подобри комуникациски вештини и полесно да разговара со луѓе надвор од домот.
Семејните ручеци имаат долгорочно влијание врз здравјето на детето
Јадењето пред телевизор станува вообичаена практика кај децата во последно време, но научниците сметаат дека е време да се врати традиционалното јадење заедно со семејството.
Доколку детето одлучи да јаде со родителите, поголеми се шансите да јаде здрава храна подготвена од страна на неговите родители, а да ја одбегне брзата храна на која најчесто е навикнато.