Здравје

10 нормални појави кај новороденчето што не треба да ве плашат

Првите недели со новороденчето се исполнети со радост, но и со многу непознати работи кои кај родителите предизвикуваат загриженост. Многу од необичните симптоми што ги забележувате кај бебето се всушност сосема природни физиолошки појави додека тоа се приспособува на надворешниот свет.

Еве ги 10. најчести појави што се нормални кај здраво новороденче:

1. Губење на тежината по раѓањето

Сосема е очекувано бебето да изгуби малку од својата родилна тежина во првите неколку дена од животот, пред да започне повторно да накачува.

2. Неправилно и променливо дишење

Ритамот и брзината на дишењето кај новороденчињата можат брзо да се менуваат. Забелешка: Отежнатото дишење, грубото ‘рчење или долготрајните паузи во дишењето бараат медицинска процена.

3. Лупење и сува кожа

Сувата кожа што се лупи е многу честа појава во првите неколку недели и исчезнува сама по себе како што кожата на новороденчето се приспособува.

4. Вкрстување или „шетање“ на очите

Во првите недели очното јаболко повремено може да изгледа вкрстено или да „шета“ бидејќи контролата врз видот и очните мускули сè уште се развива.

5. Често кивање

Кивањето не значи автоматски дека бебето е настинато. Тоа е сосема нормален физиолошки рефлекс за чистење на дишните патишта кај новороденчето.

6. Плачење (понекогаш многу)

Плачењето е единствениот начин на комуникација за новороденчето и нормално е да се интензивира во првите недели. Сепак, доколку плачењето е постојано, неутешно или имате чувство дека нешто не е во ред, секогаш консултирајте се со лекар.

7. Отечени гради

Хоромоните пренесени од мајката можат да предизвикаат привремено отекнување на градите и кај машките и кај женските бебиња, а понекогаш и појава на неколку капки млечен секрет.

8. Малку вагинално крвавење

Поради дејството на мајчините хормони, кај женските бебиња во првите неколку дена од раѓањето може да се појави мала количина на крв или бел исцедок.

9. Гласно спиење

Испуштањето необични звуци додека бебето спие често ги држи родителите будни! Овие звуци се нормални. Сепак, гласното ‘рчење при секој здив е различно и бара лекарски преглед.

10. Драматични промени во столицата

Столицата на бебето се менува од црна и леплива (мекониум) во темнозелена, па во жолта. Оваа транзиција е очекувана како што се чисти дигестивниот тракт и се воспоставува редовно хранење.


Сите горенаведени состојби се нормални кај здраво новороденче. Меѓутоа, веднаш побарајте итна медицинска помош доколку забележите дека бебето:

  • Изгледа болно или е тешко да го разбудите;
  • Има отежнато дишење или промена во бојата на кожата;
  • Одбива да се храни или не цица нормално;
  • Има телесна температура повисока или еднаква на 38 °C или пониска од 36 °C;
  • Како родител, имате силна интуиција дека нешто не е во ред.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top