Мајките одбраа: нов дизајн, моќна апсорпција со нова Flexfit технологија, која овозможува максимална сувост, префинето одбрани материјали, уникатен анатомски облик кој дава одлична поддршка при секое движење, врвен квалитет и максимална вредност за парите. Без грижа, Вашето дете е сигурно со пелените CanBebe затоа што „ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО CANBEBE – ОСТАНУВА ВО CANBEBE!“

Секој родител го посакува најдоброто за своето дете. Но, како родителите да знаат кој е најдобриот избор за нивното бебе кога станува збор за пелени, кои се најдобри пелени кога на пазарот се нудат толку многу брендови? Најфини, најудобни, најмеки? Дали впиваат добро и не пропуштаат, особено во текот на ноќта? Каков е материјалот од кој се направени? Предизвикуваат ли алергиски реакции? Може ли да ги употребуваат бебиња со чувствителна кожа? Дали доволно се растегливи или оставаат траги на нежната бебешка кожа? Имаат ли интересен дезен?

Новите родители се соочуваат со безброј прашања, голема неизвесност, на моменти страв, некогаш и паника по доаѓањето со бебето од родилиште.
Дали знаете, на пример, дека бебињата можат да потрошат најмалку 800 пелени во текот на првите 3 месеци од животот? Вистина е. Бебињата обично ги менуваат пелените од 7 до 9 пати на ден (и уште повеќе во првите неколку недели). И иако изгледа релативно едноставно за купување, има многу фактори што треба да се земат предвид при изборот на „вистинските“ пелени за вашето најмило.

Кои се основните карактеристики на пелените по кои треба да се водите при изборот?

Пред сѐ, ДОБРАТА АПСОРПЦИЈА. Пелената треба да има голема моќ за апсорбирање без да протече или да стане опуштена. Пелена која пропушта може да доведе до иритација и пеленски исип. Понатаму, ИНДИКАТОРИ ЗА ВЛАЖНОСТ – бели линии кои пожолтуваат кога пелената ќе се наполни целосно. Тоа е многу корисна карактеристика бидејќи им помага на мајките да ја проверат влажноста на пелената и веднаш да ја сменат. МЕКОСТ И ПРОТОК НА ВОЗДУХ – имајќи предвид дека кожата на вашето бебе е деликатна и чувствителна, материјалот на пелената е од најголемо значење. Осигурете се дека пелената е направена од мек материјал што дише, за да не го ограничите протокот на воздух. Уште една важна карактеристика што треба да ја барате во пелената е РАСТЕГЛИВОСТА. Треба да биде доволно растеглива за удобно да го собира вашето малечко, без да остави набори и траги на кожата.

Кога говориме за моќна апсорпција, индикатор за влажност, мекост, проток на воздух и растегливост на пелените, тогаш мислиме на CanBebe пелените. Нивниот специјален патентиран триканален систем за двојно побрза апсорпција на течноста во пелената, нежен и внимателно одбран материјал, eкстра сигурност со предните и задните дополнителни бариери против протекување, флексибилни манжетни кои овозможуваат слободно движење во пелените на CanBebe, гарантираат долготрајна сувост, бидејќи течностите остануваат блокирани во внатрешноста на пелената, па се исклучува можноста од протекување и појава на пеленски исип и алергиски реакции на нежната кожа на бебето.

Но, што велат мајките? Какво е нивното искуство со CanBebe пелените, бренд кој низ годините сѐ повеќе се развива како лидер на пазарот благодарение на континуираното унапредување на технологијата на изработка на пелените, впечатливиот дизајн и врвен квалитет?

Ја прашавме младата и успешна мајка на Миха (1,5 година) и Лара (4) од Скопје, Ведрана Велинова (32) да го сподели со нас нејзиното искуство. Ведрана, покрај дневните работни обврски, се соочува и со семејните предизвици, па нѐ интересираше како CanBebe ѝ го олеснува секојдневието.

  1. Ведрана, зошто се одлучивте токму за CanBebe?

„Како кај секој родител, така и кај мене вечна е дилемата за она што е најдобро за моето дете. Помеѓу овие дилеми беше и онаа за пелените. Кои се најдобри, најмеки и најважно од сѐ – кои се најиздржливи да ја апсорбираат сета течност во текот на ноќта. По долго талкање и испробување многу брендови на пелени, добив препорака за CanBebe од моја блиска пријателка, воедно и мајка на две деца. Оттогаш мојата најтопла препорака е иста како и нејзината – CanBebe“.

2. Кој е пресудниот фактор поради кој сѐ уште ги користите CanBebe пелените?

„Како што напоменав погоре, мојата дилема за она што е најдобро е завршена, а со самото тоа и потрагата по добри пелени заврши“ 🙂

3. Што би можеле да им порачате на родителите кои се во потрага во идеалните пелени за своите најмили?

„Не губете си го времето, го имате идеалниот производ за Вас и Вашето дете“.

Целата програма на CanBebe пелени има максимална удобност и гарантира пелени кои се погодни за секојдневна употреба. Направени се од чист памук со цел да не предизвикаат алергии и иритации на чувствителната бебешка кожа.

Нивното мото е: „ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО CANBEBE – ОСТАНУВА ВО CANBEBE!“

Среќно бебе – среќна мајка, CanBebe не случајно е прв избор на мајките: Нов дизајн, моќна апсорпција со нова Flexfit технологија која овозможува максимална сувост, префинето одбрани материјали, уникатен анатомски облик кој дава одлична поддршка при секое движење, врвен квалитет и максимална вредност за парите.
Без грижа, Вашето дете е сигурно со CanBebe!

(Комерцијална објава)



912

X