Превртувањето во текот на ноќта им е познато на многумина, но лекар открил одличен трик за сите што ги мачи тој проблем. Со користењето на 10-3-2-1 методата, вашето тело ќе се подготви за сон, но за што се работи?

Д-р Раџ Каран ја споделил методата на социјалната мрежа „Тик-ток“, која подразбира исклучување на кофеинот и внимателност кога ги консумирате своите оброци. Тој објаснува: „Како подобро да спиете со 10-3-2-1 методата? 10 часа пред да одите во кревет, престанете со внесување кофеин. Толку му треба на телото да го исчисти од системот и да ги елиминира ефектите“, вели тој.

Кофеинот го има во кафе, чај, енергетски пијалаци и други сокови. Ако вашето време за спиење е 22 часот, тоа значи дека со оваа метода не треба да консумирате кофеин по 12 часот напладне.

Следниот совет е 3 часа пред одење на спиење да се избегнуваат големи оброци. „Исто така, избегнувајте алкохол бидејќи ја нарушува РЕМ-фазата“, вели лекарот.

Следниот совет е 2 часа пред одење во кревет да престанете да работите. Д-р Раџ вели дека ова ви помага да го релаксирате умот, бидејќи нема шанси да заспиете ако сè уште сте опседнати со илјадниците обврски и непрочитани е-пораки. Еден час пред спиење, д-р Раџ вели дека треба да ги отстраните екраните. „Тоа значи – и без Нетфликс!“, вели тој. Овој трик се должи на фактот дека сината светлина што зрачи од екраните ја нарушува продукцијата на мелатонинот – хормонот на спиење, со што се одложува заспивањето.

Кожниот експерт д-р Џоана Вард објаснува: „Високата енергија на сината светлина може да предизвика значителна штета на очите и на кожата, со што ќе се забрза процесот на стареење, не само од директна изложеност, туку и во смисла на нарушување на способноста на кожата самата да се регенерира“. Следствено на тоа, се поткрепува советот на д-р Раџ за отстранување на екраните еден час пред да одите во кревет.

@dr.karanr

10-3-2-1 to sleep quick! #learnontiktok #schoolwithdrkaran #lifehack #sleep

♬ Steven Universe – L.Dre

Автор: Тери Ен-Вилијамс

Извор



912

X