Кина донесе низа мерки за да ја ограничи индустријата на приватното образование, „тешка“ околу 2 милијарди јуани, и да ги ослободи децата и родителите од трката во образованието. Првите мерки се забрани за подучување на децата за време на викендитe, во текот на распустот и по 21 часот, потоа ограничување на часовите на 30 минути, како и на онлајн часови и часови по странски јазици на деца помлади од 6 години.

Исто така, од 1 јануари 2022 година Кина целосно ќе го забрани давањето приватни часови од основни предмети за пари, па образовните компании ќе мора да станат дел од непрофитниот сектор. Донесувањето на одлуките за воведување ограничувања го објаснуваат со потребата учениците малку да се ослободат, да се намали општествената нееднаквост, како и притисокот на родителите кои се „тркаат“ во тоа кој ќе му обезбеди подобро образование на своето дете, што финансиски ги исцрпува семејствата, се наведува во насоките.

Политиката на „двојното намалување“, која покрај ограничувањето на приватното подучување опфатила и намалување на домашните задачи, по наводите на кинеската Влада, веќе дава резултати.

Анкетираните родители велат дека чувствуваат помал стрес бидејќи повеќе не трпат постојат притисок на своите деца да им обезбедат приватно подучување, како и дека училиштата веќе не бараат родителите да бидат вклучени во прегледувањето на домашните задачи.

Извор



912

X