Образование

Верувале или не – ова е градинка во Хрватска

Откако порталот „Gradonačelnik.hr“ го објави конкурсот за избор на најубава градинка во Хрватска, не требаше да помине многу време за оваа градинка да се позиционира на првото место.

фото извор: Facebook / Rokovci – Andrijaševci

Градинката „Бамби“ од Општина Андријашевци во Славонија доби многу пофалби.

фото извор: Facebook / Rokovci – Andrijaševci

Имено, градинката е полна со секакви содржини за децата, па дури има и базен.

фото извор: Facebook / Rokovci – Andrijaševci

Освен што презентираното воодушеви многу родители, заинтригирани се и воспитувачите, па некои веднаш ја искористиле можноста за да прашаат дали и кога планираат да вработат нов кадар во градинката.

фото извор: Facebook / Rokovci – Andrijaševci

Месечната цена за престој во оваа градинка е 91 евро за прво дете, додека второто дете може да се запише со попуст од 30 отсто, додека пак третото и секое наредно дете добива попуст од 70 отсто.

фото извор: Facebook / Rokovci – Andrijaševci

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top