Во Основното училиште „Блаже Конески“ денеска започна реализацијата на проектот за доделување бесплатни таблети, во чии рамки повеќе од 800 четвртоодделенци од Општина Аеродром ќе добијат бесплатни таблети.

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, коj присуствуваше на доделување на таблетите, истакна дека станува збор за проект кој ќе го олесни и унапреди образовниот процес. Производител на таблетите е „Амазон“. Вкупна вредност на проектот изнесува над пет милиони денари, средствата што се целосно обезбедени од буџетот на Општина Аеродром.

– Ставајќи ја во прв план важноста на дигитализацијата во образовниот процесот, а имајќи предвид дека учениците сѐ уште немаат добиено учебници од Владата и Министерството за образование и наука, Општина Аеродром донесе одлука проектот да започне да се реализира веднаш и да продолжи и во следните години. Денешниот настан, но и активностите што ќе се реализираат во другите училишта се уште еден доказ дека цврсто стоиме на своите заложби за обезбедување модерен и современ образовен процес во кој дигиталните алатки ќе бидат подостапни до учениците – изјави Муцунски.

Од Општината посочуваат дека проектите што се реализираат во образованието се една нова насока, која подразбира современ, модерен и технолошки процес во кој главниот фокус е ставен на обезбедување подобри услови за учениците.
Оттаму појаснуваат дека сите училишта на територијата на Општина Аеродром биле опремени со смарт-табли, на покривите биле поставени фотоволтаици, а од денеска, како што нагласуваат, секое дете добива и бесплатен таблет.

Извор: МИА



912

X