Општина Гази Баба ќе додели парична помош за сите првачиња. Ова денеска го објави градоначалникот на општината, Бобан Стефковски на својот фејсбук-профил:

„Денес ги потпишав првите решенија со кои ќе исплатиме 3.000 денари на семејства кои имаат првоодделенче. Оваа мерка првпат се спроведува во општина Гази Баба оваа година.

Ги повикувам сите семејства од територија на општина Гази Баба кои имаат првоодделенче да дојдат во просториите на Општината и да поднесат барање за исплата.“

Потребни документи:
Потврда од основно училиште
Извод од матична книга на родени
Копија од лична карта на еден од родителите
Копија од трансакциска сметка.



912

X