Загрижени сте за тоа како вашето дете ќе влезе во светот на возрасните? И треба да бидете

Повеќето од децата не ги знаат основните нивоа за финансиска писменост, покажуваат резултатите од ПИСА-тестирањата. Ова може да биде проблем кога ќе треба да го организираат буџетот, да пронајдат стан под кирија или да почнат да го враќаат студентскиот кредит.

Сами да си го организираат буџетот

Не изненадува тоа што учениците што се задолжени сами да си го организираат трошењето на нивниот буџет имаат подобри резултати, а кај нив се и пониски стапките на деликвенција како млади, покажуваат податоците од Фондацијата за образование на инвеститори за финансиска индустрија, чија цел е да промовира финансиска писменост.
„Станува збор за секојдневните моменти од кои децата можат да учат, започнувајќи рано и покривајќи ги сите теми“, вели Стујарт Ритер, висок финансиски планер во „Роув Прајс“.

Истражување од „Роув Прајс“ посочува дека децата што добиле некакво финансиско образование во училиштата имаат поголема веројатност да стекнат добри навики за штедење во споредба со децата што немале вакво образование.

Финансиското образование е битно

Сепак, родителите треба да ги пополнат празнините кога станува збор за финансиите. Кај децата што разговараат за пари со нивните родители постои голема веројатност да имаат фонд за итни случаи и поголема веројатност да штедат. Но кога станува збор за зрелоста, 64 отсто од младите на 18 до 24-годишна возраст се чувствувале неподготвени да се справат со финансиите од реалниот свет.
„Растењето и созревањето може да бидат поголем предизвик за оние што немале никакво финансиско образование во училиштата и во домовите додека биле деца бидејќи имале помала веројатност да имаат буџет“, вели Стујарт Ритер.
Тој предлага да разговарате со вашите деца за пари колку што можете почесто и порано.
„Разговараме со нашите деца за опасностите од нелегалните дроги долго време пред тие да се соочат со таква ситуација. Исто треба да ги третираме и личните финансии“, вели тој.

 



912

X