Педагогот Слободан Малушиќ од Србија зборува за пропустите во знаењето на децата и за тоа колку е важно да се стави акцент на вистинската мотивација за учење

Работните навики и мотивацијата многу долго и бавно се стекнуваат, а лесно се губат. На учениците мораме да им дадеме поддршка и да им овозможиме услови, да видиме што им се фактори кои им пречат во учењето, треба да им се помогне бидејќи многумина не можат сами затоа што пропуштиле некои работи, истакна Слободан Малушиќ, специјалист по педагодија, за РТС.

Тој вели дека, за жал, некои негови истражувања покажале дека нивното на знаење кај учениците опаднало, дека има многу пропусти бидејќи коронавирусот го наруши целиот систем и организација на учењето, работните навики, па и мотивацијата. Според него, мотивацијата е еден од важните фактори за успешна работа не само за учењето, туку во секоја работа.

– Каде што нема мотивација, нема ни вистински успех. Некои сметаат дека целиот процес на учење е постојан вид мотивација – истакнува Малушиќ.

Додава дека постојат два вида мотивација. Првата е таканаречена внатрешна мотивација, а втората е надворешна мотивација. Внатрешната мотивација е желба и сила на една личност за сознание нешто да научи и да дознае и е многу поважна од надворешната.

– Каде што не дејствува внатрешната сила, волја и желба, тогаш се прибегнува кон надворешната мотивација да се учи за оценка, подарок, пари, пофалба – објаснува Малушиќ. Според него, голема е задачата на наставниците.

– По мое мислење, би требало овој материјал, особено на осмоодделенците, да им се намали и да ги научат најважните работи што ќе им користат во средно училиште. Во оваа ситуација треба на учениците да им се помогне да научат некои основни работи, со ангажирање дополнителни часови кај наставниците. На децата треба да им се даде поддршка – дека тие го можат тоа, кога ќе постигнат некој успех, децата треба да се пофалат и наградат – порачува Малушиќ.

– Потребно е учениците да го испланираат времето до крајот на учебната година за да го совладаат тоа што го пропуштиле. Многу е важно да се направи план. И онлајн-наставата треба да се потруди технички да ги мотивира преку некој вид натпреварувања, игри со поставување прашања за учениците да имаат повеќе желба и мотивација да учат – вели Слободан Малушиќ.

Извор



912

X