Започна втората фаза од изборот на наставници што ќе напредуваат во звање ментор од претстојниот септември и кои ќе добиваат за околу 45 евра повисока плата. Како што информираат во Бирото за развој на образованието (БРО), иако со јавниот повик беше предвидено да напредуваат 355 наставници во основното образование, сепак, досега се избрани 200 наставници кои ги исполниле условите и кои одат во понатамошна фаза на избор.

-Следува посета на часови кај наставниците од страна на советници од Бирото за да видат како тие работат со учениците. Покрај посетата на час, ќе се провери и нивното професионално досие. Кога ќе заврши овој период, следува третата фаза кога ќе биде потребно да се обезбедат мислења за кандидатите од училиштата во кои работат, односно од тимот за професионален развој (овде не е вклучен директорот), за на крај во мај да се направи ранг-листата со избраните кандидати што ќе станат ментори – информираат во БРО.

Прочитајте повеќе на Факултети.мк.



912

X