Деца од сибирска градинка се соблекуваат по долна облека и се тушираат со кофа студена вода, а тоа е дел од наставната програма.
Во државната градинка број 317 во Краснојарск, Сибир, се верува дека на овој начин се спречуваат инфекциите и децата се здрави.
Децата се тушираат со студена вода секој ден по престојот во жешка сауна, сѐ додека температурата не е пониска од – 25 степени.
– Дечињата првин се загреваат во сауна, па одат надвор на традиционален туш со студена вода – вели портпарол на одделот за образование во Красјнојарск.
Учителката Оксана Каботко, која им е и тренер по пливање на деца од претшколска возраст, вели дека децата се тушираат со студена вода доколку температурата не е пониска од -25 Целзиусови степени. Повеќето родители даваат дозвола за студениот туш, за кој учителката тврди дека им помага на децата да не настинуваат. Освен пливање, таа ги учи децата како да дишат кога ќе се соочат со студот.
– Децата што се тушираат со студена вода се поразумни, попозитивни и подобро организирани. Замислете да треба да го правите тоа секое утро, потребна ви е силна волја за да го направите. Ние никого не принудуваме – вели таа.
– Нашиот лекар потврдува дека децата од групите што практикуваат туширање со студена вода многу полесно го поминуваат сезонскиот грип – додава таа.
Генерално, статистичките податоци покажуваат дека постојат 95 отсто здрави деца во групата што се тушира во споредба со 75 отсто во другите групи – вели наставничката Љубов Данилцова.
912