Министерката за образование и наука Мила Царовска одржа онлајн-состанок со директорите на основните и средните училишта од целата држава за спроведувањето на наставата во првото полугодие од учебната 2020/2021 година.

-На состанокот директорите на училиштата истакнаа дека иако на почетокот на училишната година отпорот кон онлајн-наставата беше голем, сепак, хибридниот модел ги даде посакуваните резултати во вонредни околности во какви што се работеше изминатите месеци. Со над 90 % ученици кои успешно следеа онлајн-настава, со помалку од 1 % активни случаи на Ковид-19 кај наставниците и учениците што посетуваа настава со физичко присуство и со редовна динамика на емитување часови на македонски и албански јазик на националната телевизија, слободно можеме да кажеме дека успешно го заокруживме првото полугодие. Наставниот материјал е поминат според предвидените скратени програми, а учениците се оценети, рекоа директорите на состанокот – информираат од Министерството за образование и наука.

Министерката Царовска потенцирала дека со хибридниот модел на настава: онлајн, со физичко присуство и со емитување часови на телевизија се постигнал континуитет во наставата.



912

X