Солидарноста на просветните работници се покажа најдобро во моментот кога нивната колешка, наставничката по српски јазик Марина Милосављевиќ, вработена во основно училиште во местото Подршка кај Кладово, била казнета бидејќи дозволила нејзините ученици да се ракуваат во училишниот двор.

„Инцидентот“, како што објаснила наставничката Марина за дневниот весник „Денес“, се случил на 10 септември, но на интернет сега почнало да кружи решение за казната која на Марина ѝ ја изрекла директорката на ова училиште, поради, како што се наведува, „тешката повреда на работните обврски и неспроведување на мерките за безбедност на учениците и вработените“.

А казната е 20 отсто од платата, во септември, октомври и во ноември. Меѓутоа, со брза реакција на нејзините колеги на социјалните мрежи за само неколку часа на нејзината сметка биле уплатени 39 илјади динари, што е и повеќе од доволно за да се покрие трошокот за казната.

Како што објаснува наставничката Марина Милосављевиќ, таа се жалела на решението, но жалбата била одбиена. Вели дека сè се случило многу брзо и дека учениците не го послушале нејзиното предупредување дека не смеат да се допираат, а баш во тој момент наишла директорката.

– Учениците беа во дворот, носеа маски и држеа дистанца, но се случи двајца ученици од шесто одделение да си пријдат и да направат „ да пукне“. Јас ги опоменав да не се приближуваат, но тие не ме послушаа. Во тој момент наиде директорката и јас излегов виновна што дошло до физички контакт меѓу децата. Се испостави дека јас тој ден всушност не сум била дежурна во училишниот двор бидејќи списокот за дежурства бил променет, а јас не знаеев. Меѓутоа, ниту тоа не беше земено како олеснителна околност. Децата потоа ми се извинија, но, ете, казнета сум јас“ – рекла Милосављевиќ, која во споменатото училиште е вработена на одредено време.

Сепак, охрабрува тоа што солидарноста во овие тешки времиња сепак постои.

Извор



912

X