Шестчлена комисија составена од претставници на Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и од Канцеларијата на претседателот на Владата ги разгледуваше барањата на училиштата за настава со физичко присуство. Откако ја разгледала документацијата на вкупно 325 основни и 27 средни училишта, комисијата одлучила да даде согласност за настава со физичко присуство за 223 основни училишта, едно државно училиште за ученици со посебни потреби и едно државно музичко училиште. Не е дадена согласност за 94 основни и на 14 средни училишта, соопшти Владата.

Листа на училишта кои добија согласност за настава со физичко присуство

Во комисијата членувале: Елена Ивановска и Дана Бишкоска од МОН, Ѓорѓи Тасев и Лидија Крстевска-Дојчиновска од Канцеларијата на претседателот на Владата, прим. д-р. Сузана Маневска и д-р. Кристина Ставридис од Министерството за здравство.

– Комисијата од 18 до 25 септември работеше врз основа на доставени барања од основачите на основните и средните училишта, при што ја имаше предвид епидемиолошката состојба во регионите во кои се наоѓаат училиштата, вкупниот број ученици, хигиенско-санитарните услови, просторните капацитети на училиштата и други индикатори согласно усвоениот план и протоколите од Владата – се вели во соопштението.

На предлог на МОН, на вчерашната седница е донесена Уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и во средните училишта, со одлуки за времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на учебната година, како и Одлука за утврдување на максималниот број ученици во паралелка во основните училишта и средните во услови на вонредни околности, за оние училишта што добиле согласност за организирање настава со физичко присуство. Уредбата ги опфаќа и сите други активности како што се проверката на постигнувањата на успехот на учениците, организирањето на практичната настава и другите наставно-образовни активности.

На седницата е усвоена и информацијата и протоколите за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година за посебните училишта ПОУ „Иднина“, ПОУ „Д-р Златан Сремец“ и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ од Скопје, ПОУ „Маца Овчарова“ од Велес, ЗРДОСГГДПР „Кочо Рацин“ од Битола, ПОУ „Св.Климент Охридски“, Ново Село, Струмица и ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ од Струмица.

Усвоена е информацијата за реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни потреби во учебната 2020/2021 година, и поединечните протоколи за постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
Усвоени се и протоколите за работа во услови на справување со Ковид-19 во јавните ученички домови и во државните студентски домови и други објекти за сместување во академската 2020/21 година.



912

X