Комисијата за заштита од заразни болести денеска ги разгледува моделите и протоколите што треба да почнат да важат во училиштата во земјава од 1 септември, за учениците и вработените да бидат заштитени од Ковид-19. Откако Комисијата ќе даде свое мислење до Кризниот штаб, тој дава препораки до Владата, која ќе донесе крајна одлука за тоа како да работат училиштата во новата учебна година, објаснуваат од Министерството за образование и наука.
Елизабета Наумовска, заменик-министер за образование и наука, за „Факултети.мк“ вели дека Министерството нуди опција наставата да почне со физико присуство, опција наставата да биде комбинирана во мали групи (половина паралелка да следи настава со физичко присуство, а другата половина онлајн, па да се менуваат) и третата варијанта е комплетно учење на далечина.
Проблем е што имаме многу општини со блокирани сметки и со многу долгови. Прашање е како тие училишта би обезбедиле сапуни и средства за хигиена кои ќе бидат неопходни, а мора да се реши и училишниот превоз, уредите за следење настава…
Прочитајте повеќе на Факултети.мк.
912