Родители и наставници бурно реагираат на фотографии од училишно игралиште во Франција. На нив се гледаат деца како седат сами во сопствени „изолациски оддели“. Локацијата е во северниот град Туркоин, на границата со Белгија, а на фотографиите се гледаат момчиња и девојчиња кои се оддалечени едни од други во одвоени квадрати обележани со креда.

Дечињата, на возраст од 3 и 4 години, се вратиле на час по 2 месеци карантин, по олеснувањето на рестриктивните мерки во Франција. Слично е и во Велика Британија, која најави планови за некои групи ученици да се вратат во училиштата, и тоа во фази почнувајќи од 1 јуни, а со можно враќање на сите деца пред летото. „Не можам да го надминам ова“, рекол историчарот Лорен де Кок, кој објавил една од фотографиите на „Твитер“. „Оваа фотографија ми го крши срцето. Ова не може да се нарече училиште“.

фото: Лајонел Топ

Други изразиле тага и бес за оваа слика, велејќи дека изгледа како да е од хорор-филм. „Никогаш не сум видела толку тажна фотографија. Ужасно е да се сведат децата на ова“, вели Мирјам Ку. Друг корисник на Твитер напишала: „Нечовечки, срамно за децата, но и за наставниците и институциите! Каков хорор!“ Претставникот на министерството за образование во Париз изјавил дела нема „специфични инструкции“ за наставниците да цртаат квадрати со креда за своите ученици.

Но, тој потврдил дека сите добиле инструкција да одржуваат социјална дистанца и да не делат ништо меѓу себе. Наставниците во Франција се меѓу оние што изразија огромна грижа за повторното отворање на училиштата, додека многу од родителите ги чуваат децата дома.

фото: Лајонел Топ

Слични стравови има и во Англија, каде што родителите, наставниците и здруженијата изразија загриженост за плановите за отворање. На англиските училишта не им се препорачува одржување дистанца од 2 метра, а децата може да формираат само мали групи, кои ќе бидат со помал број деца од порано. Но и покрај препораките за маски во затворени простории, каде што социјалната дистанца не е можна, владата истакнала дека тие не се потребни во училиштата и другите установи за деца.

фото: Лајонел Топ

Автор: Ема Гил и Питер Ален

Извор



912

X