Владанка Димитрова-Урошева, еден од едукаторите во „Бибиверзум“ и професор по одделенска настава, подготви вежба за зборови со исто или со слично значење за ученици од 4. одделение по предметот македонски јазик
Прочитај ги внимателно речениците, разгледај ги поцрнетите зборовите, потоа замени ги со други зборови што имаат исто или слично значење!
Биби беше сама во одајата и беше многу темно.
Боби сака да има пес.
Девојчето сакаше да ја запознае Биби.
Во салата сите им ракоплескаа на актерите.
Домот на Биби и Боби беше полн со многу интересни книги.
Децата од моето маало постојано говорат за Биби и Боби.
Децата набраа многу китки од ливадата.
*Помош: зборуваат, куќата, аплаудираа, глумци, цвеќиња, момичето, куче, соба.
912