однесување Прашај психолог

Во ситуации на стрес, ќерка ми легнува на под, плаче и се подмочува… Што да направиме?

ПРАШАЊЕ: Мојата ќерка има 4 години и е многу зборлесто, весело, итро и комуникативно дете. Но во ситуации на стрес (кога ја караат, ѝ се забранува нешто или не оди како што таа сака), реагира многу силно – легнува на под, плаче и се подмочува. Во тие моменти како да се „замрзнува“ и не може да објасни што се случило, а подоцна не зборува за настанот и ја менува темата.
Ова се случува и во градинка и дома, и кај баба и дедо. Во градинка и дома имаше и период на одбивање да јаде нешто друго освен суво лепче и беше ослабена. Малку ѝ се поврати апетитот бидејќи една недела не одеше во градинка. Овој период трае веќе повеќе од две недели.
Дали станува збор за преплавен нервен систем и ниска толеранција на фрустрација, а не класичен тантрум?

ОДГОВОР: Драга мајка, посочувате дека однесувањето трае две недели. За да разграничиме дали се работи за развоен тантрум или преплавен нервен систем и ниска толеранција на фрустрација, треба да ја разгледаме развојната оска на тантрумите кои првпат започнале, но и развојните сегменти. Исто така, потребно е да адресираме тригери кои евентуално би придонеле за преплавување на нејзиниот нервен систем. Овие податоци ги нема во вашиот исказ. Советувам да направите протоколарно родителско советување со детски психолог со цел прецизно адресирање на проблематиката.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Психит“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

To top