„Светот на Биби“ во рамките на едукативниот центар „Бибиверзум“ овозможува онлајн-настава „Ја учиме азбуката со Биби и Боби“ за сите дечиња. Со неа ќе им овозможиме на сите пријавени учесници да ја научат азбуката заедно со Биби и Боби. Имате можност да се пријавите за бесплатен демо-час кој ќе се одржува во периодот од 24 до 26 Јуни, од 12:00 ч до 13:00 ч.

Часовите ќе се одржуваат онлајн преку платформата „Зум“. Секој пријавен учесник треба да има на располагање уред за следење на онлајн-настава и интернет-конекција. Се препорачува наставата да се следи од компјутер, десктоп или лаптоп за подобар преглед на содржината.

Ја отвораме можноста за пријавување на летната онлајн-школа, која ќе почне на 20 јули и ќе трае до 27 август. Наставата ќе се одвива трипати неделно (понеделник, среда и петок). Цената за следење на онлајн-школата ќе изнесува 1.800 денари. Пријавувањето за летната школа ќе започне од 1 јули, тоа ќе биде дополнително објавено и ќе биде доставена посебна форма за пријавување, како и термините што ќе може да се посетуваат во онлајн-наставата.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА БЕСПЛАТЕН ДЕМО-ЧАС!



912

X