Вработените нè прошетаа низ погоните и ни објаснија како се изработуваат картите, фигурите со Биби, Боби, Зази и самовилата Луна, картонската обвивка, подлогата која за некои играчи е многу среќна, а некои мора да прават стомачни вежби и по неколку пати…

Популарната фамилијарна „Игра на знаења“, производ од „Светот на Биби“ што во рекордно време се продаде, добива ново пакување, а збогатена е со уште шеесет нови карти со активности.

Низ нашиот објектив ѕирнавме како се изработува оваа игра со која децата на интересен начин учат заедно со Биби, Боби и нивните другари.

„Игра на знаења“ финалниот лик го добива во печатницата „Датапонс“ (Data Pons), единствената што веруваше во овој производ. Вработените нѐ прошетаа низ погоните и ни објаснија како се изработуваат картите, фигурите со Биби, Боби, Зази и самовилата Луна, картонската обвивка, подлогата која за некои играчи е многу среќна, а некои мора да прават стомачни вежби и по неколку пати…

 

 

Содржината на играта и картите со активностите ги пишува писателката Билјана Црвенковска, заедно со креативниот тим на „Светот на Биби“, а илустрациите на ликовите, картичките и на играта ги прави Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. За графичкото уредување е задолжена Кети Пренда. Откако ќе завршат со овој процес на работа, сите податоци се испраќаат во печатницата „Датапонс“, каде што се случува вистинска магија… Од купишта картонски блокови се сече, се лепи, се сортира, се пакува. Од печатницата ни објаснија дека секоја фаза поминува низ човечка рака, а машините се само алатка за помош, особено за сечењето.

Од нивните погони излегува готов производ, подготвен да ги израдува дечињата, но и возрасните бидејќи играта е заразна и за големите!

Од печатницата ни раскажаа дека не е лесно да се работи оваа друштвена игра бидејќи е специфична, но и дека било голем предизвик да се изработи вака квалитетен производ.

– Конкретно за овој производ има многу рачна доработка, навистина е специфичен. Ништо не оди на машина, сѐ оди на рака. Лепење на табаците, формирање, рачно обликување. Кутијата е навистина специфична за изработка, но и самите фигури, картичките со активности. На пример,   им се сечат ќошињата за да немаат остри врвови, да бидат безбедни за децата. Потоа неколку вработени ги сортираат картите според боја и потоа сите производи се ставаат во кутијата – вели Анка Тодорова, шеф на одделот книговезница.

 

 

Вработените ни објаснија дека направиле и неколку мостри на главната кутија сѐ додека не се добил крајниот производ со врвен квалитет.

– За секој нов производ се прават мостри, често првата и втората не се добри, па се доработуваат, се наоѓаат мааните, додека не бидеме задоволни од крајниот производ – вели Тодорова.

Нејзината колешка Марија Спировска, која е комерцијалист, ни објасни дека пред производот да стигне во одделот на Анка се прави детална проверка.

– Откако ќе ги добиеме фајловите од екипата на „Светот на Биби“, ги проверуваме со нашите дизајнери. Се доработува, се прават корекции, па во одделот за монтажа се снимаат плочите. Потоа се селиме во долниот дел, во одделот за печатење. Се печатат табаци, па потоа одат во одделот доработка или книговезница – вели Спировска.

– Сѐ е важно во секој процес, едно без друго не оди. Не смее никаде да се направи грешка. И на вработените им е забавно додека ја правиме. Па знаеме да ги читаме задачите на картите, да одговараме на прашањата – се смее Анка.

Првата македонска фамилијарна „Игра на знаења“ од „Светот на Биби“ е одлична можност да ги оттргнеме децата од екраните. Во играта учествуваат од 2 до 4 играчи, а се игра со коцка, карти и со фигурите Биби, Боби, Зази и самовилата Луна. Играчите фрлаат коцка за да одредат кој ќе почне прв. Почнува оној што ќе добие најголем број.

Секој играч почнува од полето ПОЧЕТОК, каде што ја става својата фигура. Потоа ја фрла коцката и се движи онолку полиња колку што покажува бројката. Откако ќе застане на одредено поле, играчот треба да извлече карта со соодветната боја (на пример, црвена, доколку застане на црвено поле). Секоја карта бара од играчот да изврши одредена задача: да одговори на одредено прашање или да изврши одредена активност. Доколку играчот не знае да одговори некое прашање, мора да паузира еден круг! Ако, пак, застане на поле на кое има некој лик, треба да ги следи инструкциите што ги дава ликот (на пример, доколку застане на поле каде што се наоѓа ВЕШТЕРКАТА, играчот ќе мора да се врати на почетокот на играта!)

Играта завршува откако сите ќе пристигнат до полето ЦЕЛ. Победник е играчот што прв ќе пристигне на целта.

Во новото ексклузивно пакување на играта, која веќе е во продажба, има нови 60 картички со активности, односно вкупно 120. Новите 60 картички се продаваат и одделно, за оние што го имаат првото издание да може да си го надополнат комплетот. Идејата е играта постојано да се надградува со нови картички.

 

 

Во новите картички има многу интересни задачи за играчите, на пример, да кажуваат брзозборки, да состават приказна според слики, да решат математички задачи.

„Игра на знаења“ може да се купи во електронската продавница „Светот на Биби“, во „Бибиверзум“ во ГТЦ и во повеќето книжарници низ Македонија.



912

X