Сите веќе знаеме дека мотивацијата е еден од најважните фактори кога е во прашање учењето. Доколку недостига, тешко е да се натерате да направите нешто. На учениците често им е проблем токму недостигот на мотивација и затоа ви пренесуваме една вежба која може да ги поттикне да се мотивираат. Вежбата е за сите возрасти и често ја користиме со нашите ученици, па дава навистина добри резултати.

Вежбата се вика „Моделите се како светилниците на море“. Се наоѓа и во нашиот прирачник „Како да ја разбудите желбата за учење“ преку другите вежби за мотивација што често ги практикуваме.

Како што кажува и самото име, се работи за тоа дека децата треба, за почеток, да наведат име на својот модел на кој се угледуваат. Доколку го немаат, обидете се да им кажете да се сетат на некого, лик од цртан филм или книга, пријател, родител или некое трето лице за кое сметаат дека е добра личност. Кога учениците го наведуваат името на моделот на кој се угледуваат, прашајте ги зошто го избрале баш него и што им се допаѓа најмногу кај него. Тоа нè води до следниот чекор, каде што учениците имаат задача помеѓу понудените доблести да ги изберат оние за кои сметаат дека нивниот модел ги поседува. За да им се олесни работата, односно да им се помогне да се присетат на тие особини, на децата треба да им се понудат десетина особини помеѓу кои треба да ги изберат оние што ги има токму лицето го избрале. Кога ќе ги изберат, прашајте ги зошто ги одбрале баш тие особини. Нека наведат пример на ситуација која потврдува дека нивниот модел ја поседува токму таа доблест.

Важно е децата да знаат која доблест што значи, за да знаат да ја поврзат со својот модел. Доколку не им е јасно, објаснете им, па така ќе научат и нови зборови и ќе го збогатат својот вокабулар. Последниот и најважен чекор е да напишат како доблестите на нивниот модел можат да ги применат кај себе, а тоа да биде поврзано со училиштето.

Учениците треба конкретно да напишат која доблест, на кој начин може да ја зајакнуваат кај себе, во однос на училиштето. Примерите не мора да бидат општи, туку конкретни за поединечна ситуација. На пример, доколку се работи за доблеста „храброст“, можат да напишат дека ќе бидат храбри кога професорот ќе постави прашање и ќе се обидат да одговорат.

Во денешниот свет децата се опкружени со различни добри и лоши однесувања Важно е и самите да знаат да препознаат пожелни однесувања и да ги применуваат. Доколку лицето што им е драго се однесува добро, односно има доблести што се вредни, лесно ќе се поврзат со него и по неговиот пример кај себе ќе ги зајакнуваат позитивните донесување.

Извор



912

X