Имам пријател што има мала фирма и не му оди лошо, но тој по ништо не се истакнува (маица, тренирка, ранец – опуштена варијанта). Во училиштето каде што учи неговата ќерка група родители одлучиле да ги заменат училишните клупи. Тоа биле сосема нормални клупи, приближно вакви:

Но, сакаме нови.

По дискусијата, родителите се поделиле во две нерамномерни групи: оние што можеле да издвојат пари и седуммина што се изјасниле дека нема да учествуваат во тоа (немале вишок пари).

Им било кажано дека во тој случај нивните деца ќе седат на стари клупи.

Кога мојот пријател предложи овие што даваат пари да издвојат уште малку, па да се купат клупи за сите деца, тие одмавнале со главата не верувајќи им на своите уши (од типот: „Зошто би го направиле тоа, аман, ние да плаќаме за туѓи деца, ако не се во можност, нека седат во старите клупи“).

На крајот и тој се изјаснил дека нема да даде пари. На неговите објаснувања дека тоа ќе доведе до поделба во одделението на „сиромашни“ и „богати“, само што не го испратиле по ѓаволите.

Дошол денот „Д“.

Во училницата биле донесени нови клупи. Приближно вакви:

Четирите стари клупи биле турнати в ќош, каде што се образова гетото на „бедните“ ученици. Мајките биле пресреќни. Кога мојот пријател ги прашал – зарем тоа не ги потсетува на приказната за различен третман во зависност од тоа дали ќе го платиш породувањето или не, добил одговор: „Но, ние имаме можност“. Тоа траело цел еден ден.

Утредента, оние што дошле на училиште виделе дека наместо старите, се појавиле нови клупи. Приближно вакви:

Фотоизвор: prikolis.net

Плус детски столови. Приближно вакви:

Сега истите големи мајки скокаа наоколу дека тоа е дискриминација, дека нивните деца биле понижени и дека сите треба да бидат рамноправни. Мојот пријател ги гледа и полудува.

На прашањето на еден татко: „Зошто го направи тоа?“, овој одговорил: „Сметај дека тоа беше еден социјален експеримент. Впрочем, зарем и самите не сакавте едната група да има подобри клупи од другата? – Според тоа, желбата ви се оствари!“

Извор



912

X