Законската регулатива во Македонија предвидува дека на родителите не им е потребна таква согласност доколку малолетното дете патува со еден од родителите, но граничните служби имаат право да ја побараат ако нешто им е сомнително.
Во пресрет на сезоната на годишни одмори, едно од најчесто поставувните прашања на родителите е дали задолжително треба да носат со себе согласност за патување на деца преку граница со еден родител. Искуствата на родителите од земјава кои патувале сами со децата без нивниот партнер се различни.
Додека едни велат дека на ниту еден гранчен премин не им се случило надлежните служби да им побараат таква согласност, други имале непријатно искуство кога полицијата на граница изрично им барала да покажат таков документ и не им дозволувала да ја преминат.
912