Образование

Отворена нова градинка во населбата Ново Лисиче

Во скопската населба Ново Лисиче денеска е отворена нова детска градинка со капацитет за згрижување 200 деца.
– Станува збор за модерен објект во рамките на градинката „Буба мара“, кој ги исполнува сите неопходни стандарди и обезбедува современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст – изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Новата градинка содржи 8 занимални со сопствени санитарни јазли и кујна, а вкупната површина е 1.500 квадратни метри. Со овој објект градинката „Буба мара“ доби двојно поголем капацитет за згрижување, со што ќе се задоволи реалната потреба на семејствата во Ново Лисиче.
Во наредниот период, како што најави градоначалникот Марин, ќе се изградат уште две нови градинки. Едната во дворот на училиштето „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, а другата кај постојниот објект на детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Фото: Општина Аеродром

Поврзани написи

Од училишна клупа до идна професија: Како да му помогнете на вашето дете да го направи вистинскиот избор?

Прочитај повеќе

Магдалена Ангелевска, специјалист клинички логопед: „Подобро е да се направи навремена процена и да се утврди дека развојот е во рамките на нормалата отколку да се изгуби драгоцено време“

Прочитај повеќе

Виолета Велеска-Чадевска, специјален едукатор и рехабилитатор: „Децата најдобро учат кога се чувствуваат безбедни и сакани, а вашата конзистентна поддршка ја гради нивната самодоверба“

Прочитај повеќе

Весна Атанасова, учителка и НЛП едукатор: „Децата денес не копнеат по повеќе содржина, тие копнеат по поврзување“

Прочитај повеќе
To top