Пуштен е во употреба реновираниот Дневен центар за деца со аутизам во скопската населба Топанско Поле, во кој се обезбедува психосоцијален третман и поддршка за децата и советодавна работа со нивните родители.
Фото: Министерство за труд и социјална политика
Дневниот центар ќе го посетуваат 90 деца и тие ќе добиваат индивидуализирани услуги од специјални едукатори, логопеди и социјални работници. Ќе функционира во две смени од 8:30 часот до 19 часот.
На отворањето на центарот присуствуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Реновирањето, како што соопштија од МТСП, е резултат на заедничка соработка помеѓу Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, Здружението на граѓани „Имаго Плус“ и ЈУ „Завод за рехабилитација на деца и младинци“ – Скопје, а две компании обезбедија дидактички материјали и играчки за децата кои ќе го посетуваат.
912