На денешната седница Владата донела заклучок во кое било училиште да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда. Владата, како што стои во соопштението испратено од Министерство за здравство, заклучила во сите училишта да се примаат пријавите за упис и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши нивен упис се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација.

-Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина (за морбили, рубеола, паротитис) од почетокот на епидемијата изнесува 24.023. Во Скопје, бројот на вакцинирани деца изнесува 13,684 од вкупно 16,361 невакцинирани деца. Од останатиот дел од државата, бројот на вакцинирани деца до 14 години со МРП вакцина изнесува 10,339 деца. Само со стапка на вакцинација на над 95%, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата – соопштуваат од Министерство за здравство.

Здравствените установи, велат оттаму, не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни.



912

X