Бурни реакции и незадоволство предизвика дописот на Министерството за образование и наука во кој се бара од наставниците да го пополнат електронскиот дневник ретроактивно. Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК) упати реакции до МОН во кои го споделуваат незадоволството на наставниците, а реакција подготвува и Независниот синдикат за образование и наука.
Од почетокот на учебната година до месецов електронскиот дневник не функционираше затоа што долго траеше процедурата за избор на фирма што ќе го одржува е-дневникот.
Во реакцијата на СОНК стои дека за наставниците е неприфатливо да се пополнува е-дневникот ретроактивно, со оглед на тоа дека ниеден наставник не сноси одговорност што е-дневникот досега не функционираше. „Од тие причини, не сме согласни да го пополнуваме е-дневникот од 1 септември“ – стои во реакцијата на СОНК.

Од Независниот синдикат потенцираат дека ваквото барање е во спротивност со одредбите од Законот за основно, односно средно образование, кој предвидува да се води електронски дневник на неделна основа.
Од МОН нема одговор дали ќе ја сменат одлуката.



912

X