Исхрана

Брзи, домашни барови со урми и путер од кикиритки

Овој брз десерт без печење е совршена здрава алтернатива за класичните чоколадни тортички. Со комбинација од меки урми, кремаст путер од кикиритки, хранливи јаткасти плодови и слој од растопено чоколадо, ги добивате највкусните домашни барови за целото семејство.

Состојки:

(За тава со димензии 22×22 cm)

  • 20–25 големи, меки урми
  • 3 супени лажици путер од кикиритки (малку стоплен за полесно да се прелие)
  • 1 рака јаткасти плодови (ф’стаци, кикиритки или бадеми)
  • 250 г растопено чоколадо (црно или комбинација од црно и млечно)

Подготовка:

  1. Измијте ги урмите, засечете ги по должина и извадете ги семките.
  2. Наредете ги и притиснете ги рамномерно на дното од тавата за да формирате подлога.
  3. Прелијте го стоплениот путер од кикиритки преку урмите.
  4. Посипете сечкани јаткасти плодови по ваш избор.
  5. Прелијте го растопеното чоколадо најгоре и израмнете ја површината.
  6. Оставете да се излади во фрижидер додека чоколадото целосно не зацврсти, а потоа исечете на парчиња.

Совет: Чувајте ги во фрижидер за поцврста текстура и полесно послужување.

Поврзани написи

To top