Игротека

Инспиративен момент на Елисон Куч: Истрча маратон, но ја нахрани својата ќерка на патеката

Познатата американска инфлуенсерка Елисон Куч го привлече вниманието на целиот свет со својот неверојатен подвиг на Њујоршкиот маратон. Имено, таа ја истрча оваа напорна трка само шест месеци по породувањето, а на околу 27. километар направи кратка пауза за да ја нахрани својата шестмесечна ќерка Пепер Џо.

Овој прекрасен и емотивен момент го сними нејзиниот сопруг Ајзак Рочел и го објави на социјалните мрежи со порака дека светот мора да го види ова. Видеото ја прикажува Елисон како мирно ја дои својата ќерка.

„Мајките се толку моќни“

За време на кратката пауза, Елисон испрати порака која ги инспирира мајките во светот:

„Поминаа шест месеци од породувањето и еве ме овде. Се надевам дека мајките ќе си постават цел и ќе одат кон неа, бидејќи мајките се толку моќни.“

Таа ја доби својата втора ќерка во април, а дома ја чека и тригодишната ќерка Скоти. Нејзиниот пример уште еднаш покажа каков неограничен извор на сила и љубов поседуваат мајките.

Поврзани написи

To top