Исхрана

Време е за сладолед: Направете здрава и вкусна домашна верзија

Рецептот што ви го претставуваме е, пред сè, здрав, исклучително вкусен и нуди одлични можности да го приспособите на вкусот и на најпребирливото дете.

Основната состојка на овој сладолед е бананата, која треба да ја исечкате на крукчиња и да ја чувате во замрзнувач во соодветен сад најмалку два часа. Може да замрзнете и поголема количина однапред за да имате подготвена основа за сладолед за неколку дена.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете една замрзната банана и една рака сезонско овошје.
  2. Бананата одлично се комбинира со црвено овошје (јагоди, малини, боровинки, капини), но може да употребите и киви, кајсија или кое било друго овошје што вашето дете го сака.
  3. Изблендирајте ги состојките додека не добиете кремаста смеса и послужете веднаш.

Зошто овој рецепт е одличен за целото семејство?

  • Без додаден шеќер: Нема потреба од дополнителни засладувачи бидејќи бананата дава природна сладост и совршена кремаста структура.
  • Дополнителни додатоци: За постарите деца и возрасните, во сладоледот може да додадете мелени или сечкани лешници, ф’стаци или други јаткасти плодови.

Со малку креативност, во овој брз и здрав десерт ќе ужива целото семејство!

Извор

Поврзани написи

To top