Здравје

Летни трикови со клима-уредот: Како правилно да го разладите просторот во кој престојуваат деца?

Кога летните температури ќе надминат 30 степени, клима-уредот ни станува најдобар пријател во домот, особено кога треба да ги заштитиме најмалите од топлотниот бран. Сепак, како родители често ја правиме истата грешка – со цел побрзо да се разладиме, ја спуштаме температурата на минимум (на 18 или 20 степени).

Експертите предупредуваат дека ова „шокантно“ ладење е најбрзиот пат до летни настинки и затнати носиња кај децата. Наместо тоа, постои многу побезбеден и поефикасен начин да се постигне пријатна свежина во детската соба, а истовремено драстично да се намалат сметките за струја. Решението се крие во една опција која ја има на секој далечински управувач, но ретко кој ја користи на својот клима-уред.

Копчето со „капка вода“: Што е тоа и зошто е идеално за децата?

На речиси секој далечински управувач за клима-уред постои опција означена со зборот „Dry“ или со симбол на капка вода.

За разлика од класичното ладење („Cool“), кое агресивно дува ладен воздух, оваа функција е наменета за отстранување на вишокот влага од воздухот. Веднаш штом ќе се намали влажноста, воздухот престанува да биде „тежок“, а просторијата станува пријатна за децата, дури и кога термометарот покажува малку повисока температура.

Зошто на 25 степени со оваа опција е попријатно отколку на 20 степени?

Чувството на топлина во домот не зависи само од Целзиусовите степени, туку најмногу од влажноста на воздухот.

  • Кога влажноста е висока, потта од кожата на децата пополека испарува. Децата стануваат нервозни и тешко заспиваат бидејќи нивниот организам потешко се ослободува од вишокот топлина.
  • Кога вашиот клима-уред работи во режим „Dry“, тој ја извлекува влагата, па детското тело природно и многу полесно се лади. На 25 степени со сув воздух децата ќе се чувствуваат многу посвежо, полесно ќе дишат и нема да бидат изложени на ладен бран кој може да ги настине.

Дали режимот „Dry“ навистина штеди пари?

Да, и тоа значително. Кај стандардното ладење компресорот на вашиот клима-уред работи без престан за да ја одржи ниската температура, што е огромен трошок. Во режимот „Dry“ компресорот работи со многу помал интензитет и прави почести паузи бидејќи неговата задача е само одвлажнување. На тој начин секој клима-уред помалку троши, а сметките за струја се намалуваат.

Како најдобро да ја користите оваа опција во дом со деца?

  • Попладневна топлина: Кога надвор е топло и тешко, вклучете го режимот со капка вода на вашиот клима-уред само еден час пред децата да си дојдат дома. Воздухот веднаш ќе стане полесен за дишење.
  • Идеално решение за мирно спиење во ноќта: Ова е совршена опција за ноќно ладење на детската соба. Бидејќи тогаш клима-уредот не лади агресивно, нема ризик детето да се разбуди сред ноќ замрзнато или да настине. Наместо тоа, просторијата го задржува пријатното ниво на свежина во текот на целата ноќ.

Тестирајте ја „капката“ летово. Ќе добиете разладен дом безбеден за децата и далеку помали сметки за струја.

Извор

Поврзани написи

To top