Научниците откриле дека кога родителите и бебиња се гледаат в очи, нивните мозочни бранови се синхронизираат и тоа може да им помогне да научат полесно да комуницираат.
Истражувачите објаснија дека кога родителите комуницираат со своите деца, нивните емоции и работата на срцето се синхронизираат, но никогаш не биле направени тестирања со мозокот досега.
Научниците од Универзитетот „Кембриџ“ во студија за бебињата и нивните мајки откриле дека кога родителот гледал во своето дете, нивните мозочни бранови биле усогласени и бебето направило повеќе напор за да се обиде да комуницира.
Претходните студии покажале дека кога учениците се интересираат за некој предмет во училиште, нивните мозочни бранови се синхронизираат со останатите соученици и нивното учење се подобрува.
Д-р Викторија Леонг, главен автор на студијата, изјави: „Кога возрасниот и бебето се гледаат очи в очи, тие ја сигнализираат нивната достапност и намера за да комуницираат меѓу себе“.
– Откривме дека и кај новороденчињата и кај возрасните, мозоците реагираат на погледите и притоа доаѓа до синхронизација меѓу нив. Овој механизам може да ги подготви родителите и бебињата да комуницираат, со тоа што ќе се синхронизираат кога да зборуваат, а кога да слушаат, што исто така ќе го направи учењето поефективно – додава таа.
Мозочните бранови ја одразуваат активноста на милиони неврони и се вклучени за пренос на информации помеѓу регионите на мозокот.
Тимот ги испитал мозочните форми на 36 новороденчиња користејќи електроенцефалографија (ЕЕГ), која ја мери електричната активност.
Тие ја споредиле мозочната активност на новороденчињата со таа на возрасните, кои за време на истражувањето им пееле песнички на новороденчињата.
Тие откриле дека мозочните бранови на новороденчињата се повеќе синхронизирани со возрасните кога нивните погледи ќе се сретнат, а исто така бебињата испуштале повеќе звуци кога биле синхронизирани.
Д-р Сем Вас, последниот автор на студијата, рече: „Ние сè уште не знаеме што е тоа што предизвикува синхронизирана мозочна активност. Ние сигурно не тврдиме дека откривме телепатија!
Во оваа студија ние истражуваме дали новороденчињата можат да го синхронизираат својот мозок со некој друг, исто како што можат возрасните. Исто така, се обидуваме да откриеме што ја зголемува синхронизација.
Нашите откритија сугерираат дека гледањето в очи и говорот може да играат улога. Но, синхронизацијата на мозокот што ја следевме беше на толку високи временски размери – од три до девет осцилации во секунда – што допрва треба да разбереме како гледањето в очи и говорот ја креираа.
Истражувањето беше објавено во списанието PNAS.
912