Ноќ е, одеднаш бебето почнува да плаче. Мајката си ги затвора ушите од силниот плач на бебето, но таткото и понатаму продолжува да спие. Дали ви е позната оваа ситуација? Една британска студија на Универзитетот во Сасекс покажа како реагирањето на плачењето е генски предодредено.
Студијата била спроведена во лабораторија за спиење каде што на мажите и на жените им биле пуштени различни звуци додека спиеле, а кои требало да им го нарушат сонот. Резултатот бил многу интересен. Мажите и жените се буделе на сосема различни звуци.

Жените, без оглед на тоа дали имале деца или не, најбрзо се буделе на бебешки плач. Кај мажите, бебешкиот плач не бил ни во првите десет звуци што ги разбудиле најбрзо. Тие, на пример, се буделе од звукот на мува што лета, автомобилски аларм или ветар. Овој резултат научниците го објаснија со помош на еволуција. Жените се будат на звуци и закани кои можат да го загрозат нивното дете, а мажите се концентрираат на заштита на целото семејство.

Факт е дека мажите не се разбудија на бебешкиот плач, меѓутоа, се потврди дека тие не го прават тоа намерно, еволуцијата така одредила. Сепак, се покажа дека татковците еднакво се будат на тивкото цимолење на бебињата, така што, татковци, можете да ги отворите очите и да ѝ помогнете на мајката на вашите деца.



912

X