Кина ги повикува факултетите и универзитетите да обезбедат „образование за љубовта“ за да се нагласат позитивните ставови за бракот, љубовта, плодноста и семејството, во обид да се зголеми наталитетот во земјата.

Пекинг промовира различни мерки за да ги охрабри младите парови да имаат деца, откако Кина забележа намалување на населението втора година по ред во 2023 година. Кина е втора по големина земја во светот со население од 1,4 милијарди жители, но населението брзо старее, што во иднина ќе ги зголеми барањата за државни трошоци и ќе изврши притисок врз економијата.

Студентите ќе имаат најголемо влијание врз стапката на наталитет, но тие значително ги промениле своите ставови за бракот и љубовта, пишува весникот „Џиангсу Ксинхуа“, цитирајќи го официјалното издание „Чајна популејшн њуз“.

-Факултетите и универзитетите треба да преземат одговорност за обезбедување образование за бракот и љубовта на студентите преку нудење курсеви – се вели во публикацијата.

Мерките би помогнале да се создаде здрава и позитивна брачна и културна атмосфера.

Извор



912

X