Да го оставите вашето дете во рацете на воспитувачите, на почетокот може да биде многу тежок чекор. Секој родител се прашува како е во градинка, како се третираат децата со желба сѐ да биде што е можно подобро. Тие само сакаат нивните деца да бидат здрави и среќни.
Од друга страна, воспитувачите како експерти за воспитување деца од различни возрасти знаат со што можат да се соочат и што треба да се направи за децата да бидат што подобри во градинката, а родителите да бидат што помирни. Покрај тоа, нивната цел е да помогнат во образованието на секое дете, а во тоа тие имаат многу важна улога покрај родителите.
Токму овој однос помеѓу родителите и воспитувачите е пресуден за безгрижното детство на секое дете – затоа што и во градинка и дома децата мора да имаат соодветна поддршка, грижа и љубов.
Воспитувачка напишала писмо токму на оваа тема, со цел да им се обрати на родителите и да објасни каква е улогата на воспитувачот во животот на секое мало дете и неговите родители. Нејзиното отворено писмо го цитираме во целост:
„Почитувани родители,
Нашиот однос не е пријателски, но ние сме ваши соработници и поддршка во растењето на вашето дете. Нашата улога не е да судиме, туку да помагаме. Преку нашето образование и секојдневна работа, ние сме во состојба да препознаеме што е развиено кај вашето дете, што му се допаѓа и што е посебно кај него. Наша задача е да го поддржиме и водиме во тоа.
Но, истовремено, должни сме да ви ги посочиме областите кои треба да се развијат. Не го правиме тоа затоа што мислиме дека сте лоши родители или не се грижите доволно – напротив! Ова го правиме затоа што веруваме во вашето дете и сакаме да го извлечеме најдоброто од него.
Не е секогаш лесно да се слушне сè што детето може да премолчи дома, но често децата ни ја кажуваат вистината – дури и кога не сакате или можеби не го забележувате тоа. Затоа сме тука – да ви помогнеме брзо да ги решите малите предизвици и заедно да ги надминете поголемите.
Заедно можеме многу!
Воспитувачката во градинка Ј.Ц.“
912