Кога родив четири деца во период од четири години, немав друг избор освен да оставам некои работи да течат непланирано. Едноставно нема стремеж кон перфекционизмот и едноставно ви се менуваат приоритетите.

И токму овој пристап беше најдоброто нешто што ми се случи. Научив дека не само што моите деца ќе бидат добро ако не одговорам на секој нивни каприц, туку ќе бидат и понезависни и посамоуверени.

Мојот совет? Испружете се на софата и воспитајте способни и независни деца.

Натерајте ги сами да си ги земат работите што им требаат

Тајмингот на моите деца е математички прецизен. Тие чекаат до моментот кога ќе ја извадам вечерата од рерната, ќе ја распределам на нивните чинии и ќе ја поставам на масата за да ми речат: „Можеш да ми дадеш виљушка?“ „Можеш да ми дадеш вода?“ „Салфетка“?

Какво и да е прашањето, мојот одговор е ист: „Не, мило дете, не можам. Фиоката за прибор е еднакво оддалечена од мојот и од твојот стол“.

Не проверувајте им ги домашните задачи

Им помагам на моите деца да ја сфатат домашната задача, но потоа тие решаваат сами. Како што моите деца растеа, така сфатив дека не треба да ги знам нивните оценки до тримесечје и не треба да управувам со нивното време за учење.

Не организирајте им премногу активности на децата

Детството е единствениот период што децата го имаат за да ја искусат бесцелната досада што води до креативност и имагинарна игра.

Досадата им помага на децата да развијат вештини како планирање, решавање проблеми и толеранција на стрес. Шансите децата да се претворат во елитни спортисти или музичари се мали, така што нивното разнесување на секојдневни, структурирани лекции има ограничени придобивки ако се уморни и вознемирени.

Натерајте ги да излегуваат надвор без вас

Живееме во предградие, така што моите деца поминуваат доста време качувајќи се по дрвја и градејќи тврдини со стапчиња. Не дека е нешто многу авантуристички, туку затоа што за време на викендите не ги оставам да седат дома.

Секако, не секој има пристап до двор, но ако им дозволите на децата од основно одделение да одат надвор сами без надзор, тоа може да биде добро за нив. Голем број експерти велат дека ризичната игра им помага на децата да развијат широк сет на компетенции, вклучително и способноста сами да проценат одреден ризик, да преземат соодветни мерки кога се соочени со ризик и да научат дека кога работите ќе тргнат наопаку, можат да се справат без да повикаат возрасна личност.

Ако воспитувањето независни личности е нашата крајна цел, детските психолози се согласуваат дека можеме да ја отфрлиме вината поради бенигно запоставување. Со таа промена на парадгимата можеме да си честитаме знаејќи дека „мрзливото родителство“ некогаш е неопходно за да се поттикне зрелоста кај децата кои растат.


Автор: Линдзи Џоунс
Извор



912

X